До 13 часот 30,14 отсто од гласачите кои се регистрирани во избирачкиот список во Делчево го оствариле своето право на глас на 36 избирачки места
Серејн Мауборн, специјален координатор на ОБСЕ, одговорна за водењето на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ за претседателските избори во државата денеска изрази надеж дека ќе има 40 проценти излезност за да може, како што рече, да се избере претседател или претседателка
Во гостиварските општини до 13 часот, на гласање излегле 8.971 од запишаните избирачи. Најголем одѕив има во Мавровско-реканскиот крај, а најнизок е во полошко.
Во општина Ранковце до 13 часот гласале 31 отсто од вкупниот број гласачи, информира Даниел Крстевски, претседател на ОИК, Ранковце. Таму се гласа на 13 избирачки места, а право на глас имаат 2 971 граѓанин.
Во Струмица до 13 часот гласале 23 отсто од запишаните вкупно 49.243 избирачи, а во Конче 20 проценти од запишаните 2.744 избирачи.
До 13.00 часот во Охрид гласале 21,95 отсто од лицата со право на глас, односно 11.456 гласачи, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија, Климент Камнароски.
Гласачкиот процес од вториот круг во општините од крајниот југоисток, генерално се одвива во најдобар ред и без забележани неправилности од страна на избирачките одбори, соопштија од ОИК.
Се зголемува процентот на излезеност во општините Дебар и Центар Жупа, но сепак споредено со првиот изборен круг, одржан на 21 април, таа во Дебар е половична, а во Жупа за еден отсто поголема.
Истакна дека 170 набљудувачи се распоредени денеска низ земјава, и оти Мисијата е тука за да види дали изборите се спроведуваат согласно меѓународните стандарди за избори.
Според овие податоци до 13 часот на гласање излегле 359.024 гласачи, но оценува дека со вклучување на оние под пет отсто од избирачките места бројот на излезени избирачи би бил околу 370.000.