Министерството за внатрешни работи, во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.
Очекувам во ваква атмосфера како што е позната и во атмосфера каква што се одвиваше во првиот изборен круг да заврши и денешниот ден, јавниот обвинител Џелал Бајрами.
На гласачките места веќе три и пол часа гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности. До овој момент обработени се информации од 88,10 проценти од избирачките места.
Поголем број тиквешани гласале до 10 часот на вториот круг од претседателските избори за разлика од првиот круг, говорат податоците од општинските изборни комисии.
До 10.00 часот излезноста во Општина Струга е 2,63 отсто, а во Преспа и Вевчани повеќе од пет и пол проценти, информираат претседателите на Општинските изборни комисии.
На изборите во Охрид до 10.00 часот своето право на глас го искористиле неште над пет проценти од избирачите, или поточно на 88-те гласачки места во Општина Охрид гласале 5,65 отсто од граѓаните со право на глас.
Во Куманово до 10 часот на гласање излегле 5577 гласачи или 6,16 отсто од гласачите, во Липково излезноста е 2,92 отсто или на гласање излегле 741 гласач, а во Старо Нагоричане 5,08 отсто или вкупно гласале 169 гласачи, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
– Денешното гласање во Прилеп и во општините во регионот – Крушево, Долнени и во Кривогаштани се одвива без проблеми и непречено, информираат од Општинските изборни комисии.
На избирачките места во кочанскиот регион, три часа по почетокот на гласањето, излезноста за претседателските избори во просек изнесува околу осум отсто, што е слично на првиот круг.
До 10 часот во Општина Крива Паланка своето избирачко право го искористиле 14,5 отсто од вкупниот број запишани граѓани во единствениот избирачки список.