Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна за граѓаните
Медиумите кај јужниот сосед, акцентот го ставаат на тесната битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на излезноста, за која коментираат дека е мала, но сепак солидна во период на епидемија, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев, а го споменуваат и проблемот со интернет страницата на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места
Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери.
По објавувањето на овие резултати од страна на ДИК, Заев на прес-конференција изјави дека коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со освоени три пратеници повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и со можност за добивање на уште еден или два мандати.
Меѓународниот набљудувачки тим испратен од ОБСЕ/ОДИХР за следење на предвремените парламентарни избори во Македонија денеска на прес-конференција ќе ја соопшти прелиминарната оценка за изборите што се одржаа вчера во земјава.
Согласно последните информации од Државната изборна комисија, на обработени речиси 99% од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 321.373 глас или 36,07%, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 310.162 гласа или 34, 81 отсто од вкупниот број на гласови.
– Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.
Од обработени 93,96 отсто од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,13 отсто од гласовите, пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,65, ДУИ 11,57, Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, Левица 3,96, ДПА 1,48, а Интегра 1,33 отсто.
На веб страната на агрегторот се појавува фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.