Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право
Во 7 часот почна гласањето на вториот круг од седмите локални избори од осамостојувањето на државата
Вториот круг од седмите локални избори во две гостиварски општини започна на сите избирачки места
Во Македонска Каменица навреме почна гласањето за градоначалник во вториот круг од локалните избори
На сите 50 избирачки места во Општина Ресен утрово во 7 часот почна гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од локалните избори, информира претседателот на Општинската изборна комисија Тодор Китевски
Сите избирачки места во општина Кочани утрово се отворени и навреме почна гласањето за избор на градоначалник во вториот круг
На сите 101 избирачко место во Општина Струга и трите избирачки места во Општина Вевчани, утрово во 7 часот почна гласањето во вториот круг од локалните избори, на кои се бира меѓу двајца кандидати за градоначалник
Навреме се отворени гласачките места во Куманово и Старо Нагоричане, информираа претседателите на општинските изборни комисии
Во Дебар денеска нема втор круг на гласање, туку се прегласува само на едно избрачко место
Изборниот процес од вториот круг на локалните избори за избор на градоначалник на општините Охрид и Дебрца се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места