-Во однос на излезеноста на парламентарните избори во Берово гласале 5.838 лица или 55,89 проценти. Слична е бројката и во вториот круг од претседателските избори на кои своето право на глас го оствариле 5.835 или 55,99 проценти од гласачите, информираа од ОИК Берово.
Изборниот процес во општините Охрид и Дебрца до 15 часот се одвива непречено и без какви било пријавени нерегуларности.
Правото на глас за избор на пратеници во општина Тетово го искористиле 31.000 од 86.550 граѓани или 37,01 отсто.
Според ДИК, најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци, 52,32 процента, а најмала во Липково, 3,60, додека за парламентарните избори најголема е излезеноста во Крива Паланка, 58,18 отсто, а најмала во Центар Жупа, 13,74.
По последниот пресек за излезеноста на изборите во општина Гостивар граѓаните покажале поголем интерес за гласање за претставници во Собранието.
Во Општина Штип до 15 часот за претседтелските избори гласале 38,90 отсто, а за парламентарните избори 38,86 отсто од вкупниот број избирачи, информираше претседалот на ОИК-Штип, Виктор Вацев.
На територија на Општина Штип своето право на глас за претседателските избори го исполниле 29,30 проценти, а за парламентарните избори 25,73 отсто, информира претседател на ОИК Штип.
Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 15 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 17 593 лица или 39,22 проценти.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) во Куманово за претседателските избори излезноста до 15 часот e 30,89 отсто, а за парламентарните е 36,39 проценти.
-Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.