Но она што е важно, од денес ви најавувам дека на 8 мај следува комплетна промена во Македонија, изјави Христијан Мицкоски на денешната Конвенција за избор на претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ.
Имаме незавршена работа, започната од последните локални избори. Комплетна промена, и двојна победа на претседателските и парламентарните избори. Да победи надежта, правдата. Триумф на народот кој ќе си ја врати Македонија во своите раце.
Силјановска Давкова порача дека како универзитетски професор го користела сократовиот метод, односно ги учела студентите, но и учела од нив, и ништо повеќе не и значело како оваа доверба и можност да си го запознае народот.
Главите горе! Да ја обновиме надежта, за заедничка среќа. Доаѓаат реформи, големи одлуки. Луѓе со интегритет.
Неодамна ја слушнав изјавата на Герт Јан Копман кој што констатира дека Балканот предолго беше сам.
На вашите граѓани им треба претседател и влада, кои се силно посветени и фокусирани на европските реформи и стандарди, кои ќе се борат против корупцијата
Податоците на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчера покажуваат дека од вкупно 11 кандидати уште шест ги немаат потребните 10.000 потписи за претседателска кандидатура, а пет ја постигнаа бројката.
Николоски потенцираше дека после овој дипломатски скандал, Пендаровски е изолиран претседател и скоро никој од земјите членки на ЕУ и Нато не преферира да се сретне со него.
Николоски додава и дека Пендаровски е единствениот „естраден“ политичар во Македонија кој работното време го троши на трач муабети со новинари и претставници на јавниот живот.
Јас сум познат како еден гласен критичар на работата на Стево Пендаровски, се работи за најбезличниот човек кој што седнал таму. Пет години ќе му останат запаметени по ништо.