Од ОИК Берово воедно информираа дека во текот на денешниот ден гласаат 259 болни и изнемоштени лица, кои своето право на глас ќе го остварат во домашни услови.
Денеска ОИК Тетово го распределува изборниот материјал до 117 избирачки места во колку ќе се спроведе утре изборниот процес
Вкупно 11.095 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас за вториот круг од претседателските избори, додека за парламентарните избори право да гласаат имаат вкупно 11.197 болни и немоќни.
Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ-спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа
Во штипската приградска населба „Железника“ гласаа 76 годишната Слободанка Гошова и 81 годишната Митра Арсова. Велат дека секој треба да го искористи своето демократско право.
Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните
Во Кавадарци се пријавени за денешното гласање 167, а во Росоман 69 немоќни лица, информираа претседателите на општинските изборни комисии, Емилија Петровска и Зоран Костов.
Во Куманово денеска гласаат 420 болни и немоќни лица, соопштија од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово.
Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.
Според него, во тек е преземањето на избирачкиот материјал од страна на избирачките одбори, по што ќе следи гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови.