Кај останатите партии ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, ЗНАМ, Алијанса за Албанците има прогрес за некој процент во позитивна смисла.
Расте довербата на граѓаните во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека пак рапидно се намалува кај владејачката СДСМ покажува компаративната анализа на мерење на рејтингот на партиите на Институтот за политички истражувања ИПИС Скопје
„Изминативе пет години имам можност да соработувам со неа директно на прва линија и можам да кажам дека воспоставивме начин на соработка што се темели на принципи што ми е многу важно, важно ми е што заклучокот од дебатата се темели на аргументите“, вели Мицкоски.
-Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Очекував да бидам искрен дел од потенцијалните кандидати да ги соберат побрзо потребните 10.000 потписи, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во централниот дневник на ТВ Сител во Тема на денот.
Шефот на изборниот штаб Башким Бакиу им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја дале за нивниот кандидат Таравари.
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска посочи оти се надева дека дискурсот на изборната кампањата ќе се фокусира на суштинските прашања, а не на лични напади.
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги усвои Кодексот за набљудување на изборите за претседател на државата и на изборите за пратеници во Собранието во 2024 година, како и Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка.
Утре, на 28 февруари, во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните претедателски и парламентарни избори.
Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот вкупно 38.396 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата.