Досега, како што кажа, Управниот суд има одржано четири јавни расправи, а во тек е петатата. Објавени се две одлуки на веб - странicата, а претходно тие беа објавени од самите судечки совети.
Ова е трета одбиена тужба, по претходните две денешни одлуки на Управен со кои ги одби како неосновани тужбите за избирачкото место 1194 во Општина Крушево и избирачкото место 1470 во Долнени.
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите се оформени предмети и закажани во текот на денешниот ден.
Тужителите од Коалицијата „Европски фронт“ се на ставот дека записникот на гласачкото место нема ниту една забелешка, а според нив, неосновано е дека бројот на гласачи во избирачкиот список е 111.
Управниот суд ja одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија" за избирачкото место 1194 во Општина Крушево на Парламентарните избори 2024.
Овој обид за изборен инженеринг има за цел да го промени односот на бројките во Собранието преку политичкиот договор на маса.
Застапникот на тужителот, Коалицијата „Европски фронт“, Ејуп Рустеми, посочи дека се оспорува решението на ДИК за прифаќање на приговорот за поништувње на гласањето на ИМ 1194 на Коалицијата „Твоја Македонија".
Коалицијата „Вреди“ на почетокот на јавната седница пред Управниот суд ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511, во Долна Бањица во Општина Гостивар на Парламентарните избори 2024 година.
Според извештаите, додаде тој, овие претензии се изборен инженеринг и имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собраието преку политички договор на маса.
Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај.