Охрид е прогласен за трета најдобра дестинација за интровертните личности, односно за оние кои најдобро се чувствуваат кога се сами, покажуваат резултатите од студијата спроведена од страна на „UK Therapy Rooms“.
Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место.
Списанието „Травел & лејжр“ (Travel & Leisure), со мрежа од стотици објавувачи и фотографи ширум светот, редовно на своите читатели им овозможува увид во најдобрите места за туризам, престој, јадења, истражување.
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА
Американската компанија „Беркшир хатавеј травел протекшн“ (Berkshire Hathaway Travel Protection) ја претстави листата на најбезбедни земји за патување во 2023 година
Њујорк и Сингапур се на врвот на листата пред се поради удвојувањето на цените на енергијата во големите градови, па така Москва и Санкт Петербург напредуваа за 88 места, пренесува британски „Гардијан“.
Бали е едно од најпознатите туристички летувалишта во светот, а луѓето просто уживаат и во самите фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости таму. Сепак, некои посетители ја откриваат и онаа, „другата“ страна на овој „рај на земјата“
Торино обично е познат како индустриски град, нo по Зимските олимписки игри, одржани тука во 2006 година, средиштето на областа Пиемонт доживеа полна преобразба
Небесната патека „Скајвок“ на планината Биоково во Хрватска, официјално е затворена. Туристичката атракција повторно ќе биде отворена за посетители на 31 март, следната 2023 година
Виена е позната по многу нешта, но се чини, само сладокусците знаат за кафето „Фенстерчино“, со уникатен вкус и со повеќе чоколадо, коешто се служи на невообичаен, но симпатичен начин – во корнет