Фејсбук развива свој главен асистент, со кодно име „Алоха“. Услугата ќе биде комбинација на видео-чат и гласовен асистент со вештачка интелигенција.
Џимејл стана предмет на бројни промени од почетокот на годината досега, а секоја од нив е направена со цел да се олесни работата на корисниците.
Компанијата Мајкрософт соопшти денеска дека открила нови обиди за руски кибер-напади врз американски политички организации пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
Претплатниците во мобилната телефонија во Македонија месечно во просек зборуваат 197,83 минути, а иницираат по 104 повици, покажуваат последните податоци на Агенцијата за електронски комуникации.
Кинеската технолошка компанија Баиду создаде софтвер што може да имитира човечки глас, по анализа на истиот од само неколку секунди. Програмата го користи принципот на невронски мрежи и може не само да ни го изимитира гласот, туку и да направи да звучиме како спротивниот пол или пак, да ни даде друг нагласок.
Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се новата забава за корисниците на Инстаграм. Се „паѓа“ пред автомобили, на јахти, на аеродроми, во трговски центри, во базени.
Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чини 35.000 долари - тоа е седанот Модел 3. Но шефот на компанијата Елон Маск навести уште подостапен автомобил во наредните години.
Пред една година, „Ејпл“ сериозно ги зголеми цените на паметните телефони, а „Ајфон X“ ја прескокна психолошката бариера од 1.000 долари.
Повеќе од илјада вработени во „Гугл“ (Google) потпишаа писмо во кое го изразуваат своето незадоволство поради планот на компанијата да покрене цензуриран пребарувач за Кина.
Гугл го следи движењето на своите корисници, дури и ако тие ја исклучиле таа опција, покажува ново истражување на Универзитетот Принстон.