„Самсунг“ патентираше дизајн на паметен телефон со облик на буквата ’Г‘, со екран на преклопување. Станува збор за флексибилен екран којшто се отвора настрана, а кога е во „затворена положба“ е преклопен кон задниот дел на уредот
„Хуавеј“ го претстави новиот лаптоп „Мејтбук Икс-про“, како и новиот хибриден „Мејтбук Е“ – со процесори од 11-та генерација на У-серијата. Следната, 12. генерација е најавена за наредниве две години
Францускиот визионер Ален Тебо ја замисли и осмисли „првата летачка јахта во светот која работи на водород“, што според наводите, ќе стане реалност веќе во 2023 година
Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“. Според Елвин Ху – дизајнерот на „Гугл Хром“, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот
Гигантот Фејсбук забележа пад на дневната активност на своите корисници, по првпат во неговата 18-годишна историја, јави Би-Би-Си
За новите таблети на „Самсунг“ од семејството „Галакси таб С8“ веќе е познато дека ќе им бидат достапни и на корисниците во Европа. Преднарачките за новите модели се отворени и некои цени се објавени
Многумина корисници на „Епл ајфоните“ веројатно не знаат дека и „гризнатото јаболче“ одзади, има свои задачи, а не е само украс. Функцијата се нарекува „бек тап“ (Back Tap, „задно копче“) и може да се користи за скриншот, камера, блиц или која било опција
Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест
„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.
Јапонската компанија „Панасоник“ ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за „Тесла“ веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Никеи.