Нов Зеланд е последна во низата земји кои го блокираа предлогот за користење на телекомуникациска опрема од кинескиот производител „Хуавеј“ поради загриженост околу националната безбедност, а врз основа на информациите за поврзаноста на кинеската компанија со владата во оваа земја.
Седумте најдобри модели за 2019 година се „Алпајн A110“, „Ситроен Ц5 Еркрод“, „Форд Фокус“, „Јагуар Ај-пејс“, „Киа Сид“, „Мерцедес Бенз А-класа“ и „Пежо 508“.
Компанијата ЛГ до Американското биро за патенти поднесе барање за патентирање на телефон со 16 сензори на задниот панел, кои се наредени во матрица 4 по 4.
„Епл“ покажува знаци на криза. Акциите на компанијата губат вредност, а некои неодамнешни дејствија од страна на ИТ гигантот од Купертино ги потврдуваат оценките на аналитичарите дека производителот на ајФон има проблеми.
Неодамна стана јасно дека Самсунг полага големи надежи на Галакси Ес10 да ги подобри финансиските перформанси на својата мобилна единица и очигледно е зошто е тоа така. Извори на „Волстрит журнал“ откриваат дека Самсунг подготвува сериозна технолошка надградба на јубилејното издание во серијата Галакси Ес10, откако планира да додаде во уредите поддршка на 5Г мрежи, поголеми дисплеи и повеќе камери.
Корисниците ширум светот од утрово не можат да користат Инстаграм, Фејсбук и Фејсбук месинџер.
Платформата Инстаграм ќе преземе мерки против лажните профили и против корисниците кои вештачки го зголемуваат својот број следачи на оваа социјална мрежа.
Дизајнерите и инженерите на Сони веќе работат на долгоочекуваната конзола Плејстејшн Пет. Уредот се уште е во почетна фаза на проектирање, но на интернет веќе се појави инфорамција дека Сони Плејстејшн Пет ќе има хардвер на „АМД“.
Раководителот на американскиот технолошки гигант „Епл“, Тим Кук во интерву за Ејч-Би-Оу изјави дека „се поретко го употребува својот Ајфон, па дури и речиси се откажал од непотребните известувања“.
Продажбите на паметните телефони на „Хуавеи“ се зголемуваат со темпо, кое го надминува планот на компанијата, велат аналитичарите. По искачување на второто место во светот, кинеската компанија цели кон првото.