Жителите на Париз и неговите предградија наскоро можат да имаат пристап до 20.000 електрични велосипеди.
На пазарот за електрични возила ќе станува сè поинтересно. Германскиот гигант „Фолксваген“ (VW) планира да конкурира на „Тесла“ со евтини електрични автомобили кои ќе ги произведува во Германија, за да ги задржи работните места во земјата.
Корисниците на Андроид паметни телефони ќе можат да ги ажурираат своите апликации во движење додека ги употребуваат, без да мора да ги рестартираат, вели „Фоун Арена“.
Јужнокорејската технолошка компанија Самсунг го промовираше својот високо очекуван телефон на преклопување за време на настан во Сан Франциско, откако ги повика развивачите на Андроид да почнат да создаваат апликации за него.
Производителот на мотоцикли „Кертис“ конечно ќе го реализира својот концепт на електричен мотоцикл, кој ќе влезе во масовно производство.
Фејсбук Месенџер наскоро ќе ви дозволи да ги избришете испратените пораки во рок од 10 минути од моментот кога ќе го притиснете копчето. Функцијата е запишна како „доаѓа наскоро“ во верзијата 191,0 на ајОС клиентот на Фејсбук Месенџер.
Кинеските власти почнаа да користат нов систем за препознавање луѓе: според единствениот облик на телото на еден човек и според неговото одење. Технологијата може да биде од исклучително значење кога во одредена ситуација, лицето на еден човек не се гледа на снимки од безбедносна камера.
Основачот на интернетот Тим Бернерс-Ли смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.
Американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, очекува во блиска иднина да се воведат посебни даноци за роботи, кои би придонеле за зачувување на работните места на луѓето.
Засега Хуавеи Мејт 20 Про нема да се продава официјално во САД, но тоа не го спречи популарниот сајт ајФиксит да „ѕирне“ што има под неговите стаклени панели.