Секое друго неофицијални информирање и шпекулирање за овие постапки, јавноста не треба да ги прифаќа како точни и официјални, а лиферување на неточни информации поврзани со постапки кои се уште се во тек претставува кривично дело.
Во гасењето на пожарот ноќеска учествуваа четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, која требаше да продолжи денес, ја презакажа за в понеделник.
Денеска се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетички соживот.
МЗ соопшти дека досега ниту кај нив, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), не е пријавен ниту регистриран случај на пациентка од околу 25 години која наводно починала пред два дена од пукнато слепо црево и труење на крвта.
По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоиле бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика. Исто така, ќе следи и културно забавна програма, со рок бендови и диџеи.
Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
По инцидентот во Собранието и гужвата пред говорница, пратеникот Илија Димовски на говорница истакна дека дури и Петре Шилегов неможел да се разбере со Талат Џафери.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја извлекол картичката на претседателот на Собранието, па тој повика обезбедување, а речиси сите присутни пратеници од опозициската партија беа насобрани околу говорницата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно презема мерки за заштита на шумите од појава на пожарите, реагираат од Министерството на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.