Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во мај годинава се повисоки за 8,1 отсто на месечно ниво и пониско за 50,1 отсто на годишно ниво
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во мај годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 0,2 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика
Неповратна помош преку Фондот за туризам според остварен промет во 2019 година и субвенционирање на платите од 14.500 денари до крајот на годината со 100-процентно покривање на придонесите, бараат туристичките агенции од државата
Зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал, зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка и стимулирање на безготовинските плаќања со вградување на провизијата на трансакција во цената на услугата
Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) бара посебни мерки за поддршка од државата поради ситуацијата со коронавирусот
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека мерката за финасиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни ја искористиле вкупно 55.025 работодавачи
Користењето на бесконтактниот начин на плаќање со Виза картичките во земјава порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 проценти од граѓаните се подготвени да користат бесконтактни трансакции, покажува првото регионално истражување на компанијата „Виза“ во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“
Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на взаемен интерес, се дел од целите на договорот склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи. Договорот го потпишаа претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев
Народна банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери
„Макпрогрес“ Виница разви нова линија за производство на барови со што компанијата ја надополнува палетата на производи