Компанијата „Макпрогрес“ започна со проект за основање тренинг центар за обуки што ќе служи за потребите на Макпрогрес и на бизнис професионалците од регионот
Почна аплицирањето за добивање субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е до 31- ви јули 2020 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Цените на угостителските услуги во јуни годинава бележат зголемување од 0,2 отсто во однос на тој месец лани
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Халкбанк АД Скопје од страна на светскиот финансиски магазин „Глобал Фајнанс“ (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година, соопштуваат од Банката
Управата за јавни приходи соопшти дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, на работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување
Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, кои скенирале сметки во текот на април, мај и јуни
Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на КОВИД-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15 на 20 проценти
Поради новите случаи на коронавирусот, една пробиштипска конфекција од вчера е затворена, а работниците се испратени на колективен годишен одмор, информира Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“ – Штип
Во тек е јавниот повик за доставување барања за финансиска поддршка на сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици. Огласот беше објавен на 20 јуни, а истекува за десетина дена. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули