Прометот во индустријата, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во април годинава во однос на истиот месец лани забележал пад од 50,8 отсто.
Во април годинава, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите изнесува 741, со остварени 4690 ноќевањата. Април е месец во кој веќе беше почната корона-кризата, и според објавените податоци е забележан пад на странските туристи од 99,7 отсто.
Министерството за економија го објави јавниот повик за финансиска поддршка за компаниите за зајакнување на конкурентноста во пост ковид периодот.
Веб страницата на која граѓаните може да добијат информации дали ќе бидат корисници на Домашна платежна картичка, а која е во функција од завчера, досега имала вкупно 3.745.921 посета, отворена е од 1.129.181 различни уреди, со матичен број проверка направиле 194.192 граѓани, кои и се добитници на картичката, а средствата предвидени од 28 милиони евра, за овие картички веќе се префрлени кај деветте банки кои ќе ги издаваат на граѓаните.
Триесет и осум проекти на ученици од основни и од средни училишта се наградени и ќе добијат финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) кој денеска организираше завршен настан за презентација и прогласување на најуспешните проекти на третиот повик „Предизвик за млади истражувачи“.
Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе го одржи завршниот настан „Предизвик за млади истражувачи 3“, на кој ќе бидат прогласени најуспешните проекти.
Министерот за економија Крешник Бектеши во средата најави дека ресорното Министерство до денеска ќе го објави јавниот повик за дополнителна државна помош на кој заинтересираните компании ќе можат да аплицираат до 31 јули 2020 година.
Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.
- Со оглед дека веќе е донесена Уредба со која се предвидува доделување на поддршка со платежни картички, а со цел купување на производи за храна и основни средства, во однос на моето прашање за потребата од 830 илјади евра за доделување на пакети за храна, одговор нема!
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 (53,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10,4 проценти) за нискоградба и 63 (36,4 проценти) за објекти за реконструкција.