Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) ја поздравува владината мерка „Ваучер за домашен туризам“, но искажува загриженост ако од нејзината реализација бидат изземени туристичките агенции, односно ако мерката директно се спроведе со сместувачките капапацитети.
Финансиска помош за обезбедување средства за хигиена, пролонгирање на поддршката од 14.500 денари и во јуни или разгледување на можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец, како и најавување датум за повторно отворање, бараат игротеките од Владата
Целта на препораките составени од заедничката работна група на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на барање на Економско-социјалниот совет, е зачувување на работните места и заштита на бизнисите
Глобалното движење Women in Tech денеска ќе одржи 24-часовна виртуелна конференција за сите заинтересирани во технологија
Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојузот на стопански комори на Македoнија денеска ќе ги соопшти ургентните барања на компаниите од секторот од сите градови во земјата, кои веќе трет месец се затворени по донесената уредба на Владата за превенција од Ковид-19
Република Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3.675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.
Премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека во текот на денов се прават анализи, подготовки и разговори околу најавеното издавање на еврообврзницата за што е почната постаката.
Угостителите кои утре треба да ги отворат терасите, во секој момент очекуваат да ги добијат протоколите за работа од надлежните. Велат дека мерките доследно ќе ги почитуваат, но сепак се надеваат на измени согласно нивните барања.
Уредбите од третиот антикризен пакет тековно се носат. Некои веќе поминаа, а и денеска Владата има седница по која надлежните институции ќе излезат и ќе објават што е усвоено, рече вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.
Министерството за економија ќе ја разгледа, но и ќе ја обжали одлуката на Управниот суд за „Еуромакс“ во други инстанци зашто е убедено во исправноста на раскинувањето на концесијата, соопшти денеска министерот Крешник Бектеши