Новиот сет на мерки е во насока да понуди стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда и домашните компании
Деветнаестиот состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоки ќе се одржи денеска во организација на Царинската управа во рамки на македонското претседателство со овој Поткомитет на ЦЕФТА
Оваа поддршка доаѓа од Програмата за поддршка на МСП на Западен Балкан, поддржана е од ЕУ и се фокусира на подобрување на оперативните и производните стандарди на малите компании, со цел да се поконкурентни на локалните и ЕУ пазари.
Досега немало затворање на занаетчиските дуќани, но многу од нив три месеца немале промет. Нивни претставници денеска на министерот за економија му доставија предлози за надминување на моменталната состојба во која се наоѓаат поради кризата предизвикана од корона вирусот.
Министерот за економија Крешник Бектеши има поразличен став за отворањето на угостителските објекти од предлозите на Комисијата за заразни болести, но како што вели, ќе ја почитува нивната одлука бидејќи Комисијата е најповикана за тоа како треба да се штити јавното здравје.
Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема на разговор, не е разгледано како можност, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Прилепскиот Тутунски комбинат (ТКП) соопшти дека во првиот квартал од 2020 година остварил нето загуба од 60,4 милиони денари, по загубата од 48,5 милиони денари во истиот период лани
По релативно солидниот раст на економијата во 2019 година, досега расположливите високофреквентни показатели за економската активност во првото тримесечје на оваа година упатуваат на продолжување на растот, но со забавено темпо, соопшти денеска Народната банка
Подружницата на српската компанија „Свислион Таково“ во земјава, „ПИ Свислион“ ДОО Скопје најави дека планира да достави понуда за откуп на преостанатите 8.364 акции на „Агроплод“ од Ресен што не се во нејзина сопственост
Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат, вели Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК, кој денеска го претстави сетот на мерки за реализација на кампања чија цел е поддршка за секторот, да се постават нови стандарди за работа, за долгорочно да се придонесе за подобрување и унапредување на состојбата во угостителството