Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат, вели Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК, кој денеска го претстави сетот на мерки за реализација на кампања чија цел е поддршка за секторот, да се постават нови стандарди за работа, за долгорочно да се придонесе за подобрување и унапредување на состојбата во угостителството
Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки со кои ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни проени со што таа ќе изнесува 1,5 проценти
На сметките на 4.945 сточари кои имаат задржани женски јагниња и јариња денеска се исплатени субвенции во износ од 88,6 милиони денари, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Во текот на 2020 година Македонија ќе забележи пад на БДП од 3,5 проценти, како последица на економските последици од пандемијата на коронавирусот, по што следната година се очекува земјава да забележи економски раст од 5,5 отсто, се наведува во најновите макроекономски прогнози на Европската банка за обнова и развој
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со претставници од Занаетчиската комора
Автомат клубовите и казината може да бидат дел од првата фаза на олабавување на мерките, велат од АПИС, бидејќи како Асоцијација одамна ги преземале сите неопходни превентивни мерки за функционирање на дејноста
На денешната седница на Владата, усвоена е информацијата на Развојната банка на Македонија за четвртата група обработени кредитни апликации со што се исцрпени предвидените фондови за првата бескаматна кредитна линија ,,Ковид 1".
Комората на сметководители бара меѓуинституционална координација и комуникација со цел претпријатијата да можат максимално да ги искористат мерките за поддршка и да ја задржат својата ликвидност.
Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната.
Во март годинава, првиот месец откако почна кризата со короната, се бележи намалување во бројот на туристите за 67,3 отсто, а бројот на ноќевања за 62,8 отсто.