– Уште трае огласот и прибираме апликации. Просечниот кредит по компанија е околу 8.5 илјади евра. Доминантно се кредитни апликации до пет илјади евра и очекуваме дека ќе можеме да поддржиме, не ме држете за збор, над 600 компании со вкупно 6 до 7 илјади вработени, рече Наумов.
Во секој петти договор за јавна набавка или одлука за избор на најповолна понуда не се објавуваат ниту количините на набавенитe производи, ниту поединечните цени. Пет здравствени, три локални и две национални институции се во првите 10 институции со најголема вредност на набавките.
Туристичкиот сектор е комплетно замрен, не само кај нас, туку во цела Европа. Ако лани 51 отсто од вкупниот број туристи во светот ја постиле Европа, а Франција беше прва земја по посета на туристи, тогаш можеме да претпоставиме каков е моменталниот ефект
КомпанијатаVisa,светски лидер во дигитални плаќања, ја претставиVisa Secure (порано позната како Verified by Visa), напредната програма за зголемување на безбедноста на онлајн плаќањата
Три четвртини од вработените и компаниите во земјава се погодени од економската криза предизвикана од коронавирусот, покажува анкетата на „Finance Think“ објавена во публикацијата „Квалитет на живот – Економските ефекти од корона кризата“
Народната банка во соопштение во врска со објавениот извештај на Меѓународниот монетарен фонд наведува во однос на монетарната политика, констатирано е дека засега треба да остане релаксирана, при што како и досега, Народната банка треба да го задржи својот фокус на понатамошно одржување на стабилноста на девизниот курс
Најновата проекција на Меѓунродниот монетарен фонд е дека македонската економија годинава ќе има пад од четири проценти, но за следната предвидува раст од седум отсто
Речиси половина или 48 отсто од фирмите нема да ги пратат работниците на принуден одмор, 19 проценти ќе ги пратат на принуден одмор, 19 отсто веќе ги пратиле на принуден одмор, а 13 проценти размислуваат за друга можност, покажува анкетата на Стопанската комора на Македонија спроведена од 7 до 14 април со цел анализа на последиците од коронавирусот
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, денеска информираше дека во соработка со генералниот секретар на Интернационалната стопанска комора, Џон Дентон, заеднички го почнаа проектот за глобално истражување со Светската здравствена организација (СЗО) за предизвиците од КОВИД-19 со кои се соочува приватниот сектор
Владата ја зголеми цената на акцизата за нафтените деривати за три денари како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот