Договори со 11 инвеститори за изградба на фотоволтаични електрани со вкупна инсталирана моќ од 35 мегавати на државно земјиште, на локациии во Македонски Брод и Свети Николе, денеска беа потпишани во Владата
Забрзан технолошки напредок со изградба на индустриски зони и осовременување на постоечките, енергетски ефикасни технологии и инвестиции во обновливи извори на енергија, како и усогласување на царинските стапки во земјава со ЕУ за повеќе индустриски производи се трите теми кои ќе бидат во фокусот на денешната прес – конференција на Индустриската комора на Македонија
Нов стечаен управник на градежната компанија „Бетон“ од денеска и официјално е Живко Калков. Решението за негово назначување го потврди и судијата кој ја води стечајната постапка за оваа компанија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2019 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 648735 мегават часови електрична енергија, 20.833 милиони нм3 природен гас, 517.558 тони јаглен и 93.729 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика
Зајакнување на владеење на правото, подобрување на квалитетот на наставата на сите нивоа на образование, подобар квалитет на здравствените услуги и задржување на лекарите во јавното здравство, се приоритетите на кои треба да биде фокусот на изборните програми на политичките партии
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,1 отсто на месечно ниво и за 1,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика
Се подготвуваат нови мрежни правила за пренос на електрична енергија на МЕПСО согласно со новиот Закон за енергетика
Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ја потпиша Мултилатералната конвенција за мерки за спречување ерозија на даночната основа и преместување на профитот, во рамки на 8-миот состанок на БЕПС (Рамка за мерки против даночна евазија на ОЕЦД), што се одржува во Париз
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе инсистира со новиот закон за градба, што се подготвува при издавање одобрение за градба инвеститорите да се обврзат дека зградата што ја градат ќе ја приклучат на организиран систем на топлинска енергија таму каде што има таков систем
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најави дека во соработка со граѓанскиот сектор бара консултант за развој на заедничка методологија за мониторинг на хидроенергијата во Албанија и Македонија