Денес, 30 декември 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2019 годин
Во трговијата на мало, во ноември годинава во споредба со истиот месец лани, има зголемување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 7,8, а реално за 6,2 отсто
Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава е намален за 2,8 отсто во однос на ноември 2018 година, а во првите 11 месеци од годинава е помал за 1,5 отсто во споредба со истиот период лани
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Стартап Македонија достави иницијатива до Министерството за економија за измена на член 29 од Законот за трговски друштва и воведување конвертибилен заем (заем што се трансформира во влог)
Индустриското производство во ноември годинава е за 2,1 отсто намалено во однос на ноември 2018 година, а во првите 11 месеци од годинава има пораст од 4,7 отсто во споредба со истиот период лани
Белгиската авиокомпанија „ТУИ Флај Белџам“ од 6 јуни 2020 година ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно, објави специјализираниот портал за авиосообраќај simpleflying.com
Од 1 јануари ќе се применуваат измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход
Договор со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава, потпишаа министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во земјава Марко Мантованели, соопшти Министерството за финансии
Граѓаните што примаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард банка ќе добијат исплата на пензиите утре, 30 декември