Во изминатите 11 месеци, вкупниот број на воздухопловни операции е зголемен за 10 проценти, достигнувајќи 20.215 летови и на двата аеродрома, скопскиот и охридскиот.
Компаниите можат да исплатат и помала сума за регрес за годишен одмор или т.н. К-15 од договорената со колективен договор доколку настанале тешкотии во нивното работење, потсетуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија
Трошоците на живот во ноември годинава бележи намалување од 0,1 отсто и во однос на претходниот месец и на тој месец минатата година
Динамиката и моделот на економски раст во периодите пред, за време на и по глобалната економска и финансиска криза и најновите макроекономски проекции на Народната банка беа тема на предавањето што вчера гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, го одржа пред студентите на Меѓународниот балкански универзитет
Европската банка за обнова и развој одобри два милиони евра нова кредитна линија за подобрување на енергетскта ефикасност во земјава. Кредитната линија е одобрена на Шпаркасе банка Македонија за зелени инвестиции.
Бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење.
Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.
На синоќешниот прием во хотелот „Хилтон дабл три“, Адемоски истакна дека со својата работа, искуство, залагање, применети стандарди и капитал, турските компании директно придонесуваат и ќе придонесуваат за унапредување на македонската економија.
Трговците од државава избраа 100 бренда што секоја добро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Изборот во нашата држава се прави втора година по ред, во организација на InStore, специјализиран магазин за трговија со стоки за широка потрошувачка.
Конфедерацијата на слободни синдикати го поздравува зголемувањето на минималната плата, но бара усогласување со платите во јавниот сектор