Утврдени побарувањата на доверителите на градежната компанија Бетон Штип. Стечајниот управник за овој поранешен градежен гигант прифатил побарувања од доверители во висина од 936 милиони денари или околу 15.344.000 евра. Оспорени побарување се вкупно 545 милиони денари
Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина денар, а бензините остануваат со иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
На македонските мали и средни компании им недостасуваат соодветни сертификати, квалитет, опрема и технологија за поуспешно да се вклучат во синџирот на добавувачи на директните странски инвестиции во земјава, а некаде е проблем и цената на производите што ги нудат и времето на нивната испорака
Над 7.000 слободни работни места има во третото тримесечје од годинава во земјава. Најмногу работници се бараат во преработувачката, трговијата на големо и мало и објектите за сместување и сервисни дејности со храна
Тимовите почнаа да работат на пред-работилници каде што се запознаа со основите на асистивната технологија и дигитална инклузија и работеа на формулирање на своите идеи, кои ќе се развиваат во наредните две недели
Македонските компании стануваат се повеќе општествено одговорни и вложуваат во програми што се во интерес на целокупната заедница. Годинава, 23 проценти од компаниите кои аплицирале за националната награда за општествена одговорност, се нови компании
Околу 17.000 земјоделци до 31 декември годинава ќе добијат поврат на персоналниот данок за остварениот приход во 2018 година исклучиво од продажба на примарно производство
Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 месецов со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година, а седница ќе одржи и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и на правата на граѓанинот
Маркетинг стратегијата за наградната игра МојДДВ#МојаНаграда во следните 12 месеци ќе ја реализира маркетинг агенцијата Меккен.