Во третиот квартал годинава споредено со претходниот квартал трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,1 отсто, за материјали се пониски за 1,2 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Со концептот 100 отсто онлајн, како што информира Агенцијата, ќе се реализира вториот дел од медиумската кампања за промовирање на туристичките содржини што гостите можат да ги искусат во текот на зимата.
Пред 10 години кога почнаа да работат доброволните пензиски фондови имаа 1.611 членови, во 2013 година бројот се зголеми на 18.525, за на крајот на минатата година во третиот пензиски столб да има 24.388 членови.
Почнувајќи од декемви 2019 до февруари 2020 година, Агенцијта за промоција и поддршка на туризмот го реализира вториот дел од медиумската кампања со која го промовира туристичкиот потенцијал на земјава и содржините што туристите можат да ги искусат во текот на зимата
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи јавна расправа за Предлог-стратегијата за енергетика до 2040 година
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) тврди дека во повеќе наврати бил спречен да оствари средба со вработените во компанијата Мермерен комбинат ад Прилеп од страна на менаџментот.
Од Сојузот порачаа дека процентот на сивата економија може да се намали ако инспекциските служби изградат партнерство со приватниот сектор.
Гледано по сектори, во октомври годинава споредено со октомври лани, опаѓање има во секторите „Рударство и вадење камен“ за 11 проценти и „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 5,5 проценти, а пораст од 7,8 проценти .во секторот „Преработувачка индустрија“.
– Унапредувањата во сферата на дигиталните плаќања можат да придонесат за зголемување на обемот на трговијата, а со тоа и за растот на економиите, истакна Ангеловска-Бежоска.
Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати.