Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се непроменети на месечно ниво и повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистка.
Државниот инспекторат за труд нема механизам да докаже дали работодавачот им ги бара назад парите на вработените за зголемената минимална плата. Таквите случаи, како што рече денеска директорот на Инспекторатот, Аљајдим Хавзиу, треба да се пријават кај истражен орган.
Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на соработката во интерес на компаниите.
Турски компании од Медитеранската асоцијација на извозници, Здружение на производители и трговци со прехранбени производи и риба, им нудат соработка на македонски стопанственици и партнерство за настап на трети пазари.
Македонското земјоделство е непродуктивно и непрофитабилно. Му требаат инвестиции, но од страна на сите чинители: државата, производителите, бизнисот и науката.
Сивата економија се уште претставува проблем за бизнис секторот кој бара да не се толерираат оние кои не плаќаат даноци.
Производството преку кое граѓаните се снабдуваат со електрична енергија тече во најдобар ред и согласно плановите на АД ЕСМ, соопшти денеска компанијата.
Рокот за расправа по Буџетот изнесува пет работни дена, информира претседателот на Собранието Талат Џафери, а, како што рече, дали ќе трае пет или помалку денови ќе зависи од текот на расправата.
– Квалитетен производ, добра цена и навремена испорака се клучните фактори за добра соработка меѓу домашните и мултунационални компании, вели Благица Петрески, извршен директор на „Finance Think“.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија се претстави на македонско-италијански бизнис форум кој се одржа во Катанија.