Управата за јавни приходи денеска ги повика граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ да извршат проверка на податоците од трансакциската сметка заради враќање на дел од данокот на додадена вредност
Собранието на Република Македонија со 68 гласа „за“ денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка
Средствата се проектирани така што со нив треба да се задоволат тековните потреби во овој сектор, пред се навремена исплата на субвенциите и реализација на капитални инвестиции во водостопанството и руралните средини
На потрошувачите од денеска им е достапна веб платформата Switch.mk на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која може да направат споредби на дополнителните понуди од страна на активните снабдувачи на пазарот на мало со електрична енергија и да добијат јасни и сеопфатни и ажурирани информации за цените на струјата
Бројот на превезените патници во градскиот превоз во третиот квартал годинава во однос на тој квартал лани бележи зголемување за 5,7 отсто, во приградскиот превоз за 6,5 отсто, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 26,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 12,1 отсто, објави Државниот завод за статистика
Унапредување на работничките права, зајакнување на социјалниот дијалог и колективно договарање, треба да овозможи новиот закон за работни односи за кој повеќе од година и пол разговараат социјалните партнери – државата, работодавачите и синдикатите
Бројот на превезените патници во патниот патнички превоз во третото тримесечие годинава во однос на тој квартал лани бележи намалување за 24,9 отсто, во градско-приградскиот превоз има зголемување за 6,1 отсто, во железничкиот превоз нема промени, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 13,5 отсто, објави Државниот завод за статистика
Субвенциите за инвертери предвидени за граѓаните ќе се доделуваат до крајот на годината, потврди денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, посочувајќи дека тоа ќе го направат на најдигитален начин, односно да не учествува човекот во можноста за одлуките
Народната банка постигна значајни резултати во унапредувањето на своето работење со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд
Преку мерки за дигитализација на институциите од фискалниот сектор, како Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, може значително да се влијае врз намалувањето на сивата економија