Во следните четири години Светска Банка (СБ) ќе го поддржи економскиот развој во Македонија со повеќе програми во вкупна вредност од околу 420 милиони евра, а во соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен за следниот месец
Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава
Тутунскиот комбинат од Прилеп и „Сокотаб“ – Битола денеска треба да ги отворат пунктовите за преземање на годинашната реколта тутун со што и официјално ќе почне откупната кампања
Со видеа симнати и купени од интернет Грците решија да го спакуваат и презентираат маркетиншкиот слоган и кампања „Macedonia the Great“. Италијанско грозје, полиња соја, илустрации од маса полна храна од Естонија...
Со законот воедно се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.
Странските инвеститори на вчерашната средба во Владата не добиле конкретен одговор од премиерот Зоран Заев и економските министри во врска со барањето да се намали данокот на увоз на одредени производи
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однс на септември лани
Новоформираниот Центар за трансфер на технологии при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип со панел дискусија „И стартап е опција“ се вклучи во одбележување на Глобалната недела на претприемништво
Преку партнерски дијалог се креира амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија, информирајќи за средбата на претставници на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори со премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим
Народната банка отвори Порта за иновации – платформа за комуникација со финтек-секторот. Основна цел на проектот, како што информираат од Народната банка, е да се поддржи и да се поттикне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи.