Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 114. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кина во земјава, Џанг Ѕуо со кого разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено на полето на економијата.
Раководителите на деловните субјекти во трговијата на мало оценуваат дека економската состојба во третото тримесечје е поповолна и во однос на претходното и во однос на тој квартал во минатата година, објави Државниот завод за статистика
Стопанската комора на Македонија бара целосно да се укине Законот за трговија на зелените пазари, или пак да се интервенира со измени на останатите закони што ја регулират дејноста.
На денешната 114 собраниска седница претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата пратеникот Илија Димовски најави дека течат меѓупартиските консултации и доколку се оди во најдобар ред, оваа работна недела ќе биде предложен главен државен ревизор
Од полноќ се намалува цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета
Висината на субвенцијата за овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, а за кравјо млеко 3,5 денари по литар
На 14. конференција ПИКАРД се очекуваат околу 200 гости од повеќе од 50 земји, царински експерти и академици кои ќе ги презентираат своите истражувачки трудови на годинашната тема – „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“.
Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија.
Домашните фирми ќе можат да се поврзуваат со странските инвеститори во регионот преку регионална електронска платформа. Проектот за поврзување на домашните компании со странските инвеститори, за кој Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) ќе стартува од наредниот месец