Компаниите отсега ќе може да ги осигуруваат побарувањата со што ќе заштитат од ризикот на ненавремено плаќање. Новиот продукт што ќе почнат да го нудат осигурителните компании е особено исплатлив за малите компании.
Професорот истакна дека малите претприемачи сочинуваат 90 проценти од стопанството во просечна и земја и оти поради тоа треба да им се даде можност и да се создадат услови за нив.
Во Скопје денеска се одржа завршен настан за твининг проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН)“, што претставува единствен усогласен извор на микроекономски податоци за економското и структурно работење и за состојбата со работењето на земјоделските стопанства
Електропреносните систем-оператори, производители на обновливи извори на електрична енергија и научни установи од 12 држави заеднички ќе работат на проект кој ќе овозможи да се интегрира електричната енергија произведена од обновливи извори и да стане конкурентна на регионалниот пазар на електрична енергија на Југоисточна Европа
Изградба на нов граничен премин и стимулирање на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат Северна Македонија и Бугарија со финансии од Европската Унија
Меѓународниот монетарен фонд во најновиот изештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти
Делегација предводена од министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и енергетските компании МЕПСО и ЕСМ денеска организираат работилница на тема „Оперативни и пазарни предизвици во интеконектираните електроенергетски системи со зголемено учество на обновливите извори на електрична енергија“, на која ќе биде промовиран научноистражувачкиот проект „Кросбоу“ (Crossbow), финансиран од Европската Унија
Конференција на тема „Осигурување на побарувањата и придобивки за компаниите“ ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Македонија
Завршен настан за проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ (ФАДН) ќе се одржи денеска во Скопје