Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,9 проценти, за материјали се пониски за 0,5 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 7,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Новите измени кои ќе бидат предложени во Законот за рамномерен локален развој треба придонесат за рамноправна распределба на средствата од државниот буџет кон осумте плански региони, најави министерот за локална самоуправа Горан Милевски при посетата на Гостивар и регионалната депонија Русино и промовирање на проектот од првата фаза на рехабилитација на локалниот пат
Над 80 домашни и странски компании доствија понуди на Јавниот оглас за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи за изградба на централи на државно земјиште на 11 локации од кои 10 се во Свети Николе и една во Македонски Брод
Нема да претрпиме речиси никакава штета од забраната за увоз на компири и мед од земјава во Косово, а наметнатата бариера нема да има никакво влијание на македонската екомомија, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Сушата го намалува родот на лозјата во Тиквешко, особено на насадите кои не се наводнуваат, реагираат лозарите. Бараат да се прогласи елеменатрна непогода зашто на некои места, како што велат, има штети и преку 90 отсто
Во интервјуто кое го даде за Телевизија Алфа, министерката Апостолска на прашањата на новинарот одговараше збунето и незнаеше да каже колку инвестиции се влезени во Македонија откако таа раководи со министерстовото за привлекување на странски инвестиции.
Следната недела на владина седница се очекува да помине ребалансот на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ.
Сопственикот на компанијата, Отмар Шнајдер рече дека со 5.000 квадратни метри производствен и магацински простор, компанијата ќе ги удвои производствените капацитети во Скопје
Досегашната соработка помеѓу двете земји, но и можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорка на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Бернс.
Советот на Народната банка (НБ) на денешната редовна седница донесе одлука за изменување на одлуката за начинот и условите под кои резидентите што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство