Дебата за воведување иновативни образовни концепти на областа на одржливиот туризам ќе се одржи денеска во Скопје
Собранието вечерва во скратена постапка го донесе Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, чија цел, според Владата како негов предлагач, е намалувањето на даночната евазија.
Некои од општините имаат направено репроценка, но многу е низок процентот на наплата, не сакам да споменувам имиња на општини, но има една општина која што има само 970 денари наплатено во текот на минатата година по основ на данок на имот – вели Коцевски.
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска се сретна со полскиот амбасадорот, Војциех Тицињски, информираат од кабинетот на министерката
По соопштението од Финансова полиција дека е поднесена кривична пријава, ТЕ-ТО АД Скопје веднаш достави демант до медиумите
Индустриското производство во мај годинава во однос на истиот месец од минатата година бележи раст од 1,2 проценти, а во првите пет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 6,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Проектот, како што беше истакнато на денешната завршната конференција, траеше осум месеци, со буџет од 250.000 евра, а го спроведуваа Народната банка на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, и Централната банка на Германија.
Во рамки на коморската соработка Стопанска комора Македонија Турција – МАТТО и Стопанската комора на Амасија, денеска ќе се одржат билатерални средби во Скопје, а утре во Битола.
Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска ја посети американската компанија „Теламон“, која минатата година ја започна својата инвестиција во општина Гази Баба, каде отвори фабрика за производство на кабли наменети за автомобилската индустрија
Нови 500 вработувања до крајот на годината во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово со што бројката од сегашните 1.500 ќе се зголеми на вкупно 2.000 работни места