Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство, каде што на покана од „Фајненшал тајмс“ ќе учествува на форум што угледниот британски весник го организира за земјите од Западен Балкан, насловен „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“.
Реконструкцијата на мостот се врши на потегот од Словенечка во правец Скопје до раскрсницата Момин Поток, каде што и ќе се одржи протестот.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Работниците чии вкупни месечни примања во семејството не се поголеми од 22.000 денари од денеска до 30 август можат да се пријават на јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи за 2019 година што го објави Министертвото за економија.
Три потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што ќе се одржи од 21 – 22 јуни во Скопје.
Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје. Ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО)
Претприемачкото учење и вештини се меѓу клучните слабости што се нотирани за државава во најновиот извештај за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција во однос на предусловите за развој на малите и средните претпријатија за изминатите три години
Ова денеска го констатираа претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија кои денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев
Кредитната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од BB на BB+ што е прво зголемување по 13 години
АД ЕСМ на 6 јуни годинава преку јавна аукција продаде 4.800 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 198.792 евра