Претпријатијата од индустријата и трговијата ја реализираат најголемиот дел од вкупната стоковна размена на земјава со станство. Податоците на Државниот завод за статистика покакажува дека во 2017 година 90,4 отсто од вкупната стоковна размена е направена во овие два сектора.
Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство минатата недела одржа промоции на македонски вина во Чикаго и Њујорк, во Соединетите Американски Држави
Состанок на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Народната банка и Министерството за финансии.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба присуствуваа и министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Регионалниот совет за соработка (РСС) објави нов повик за доставување понуди за грантови за развој на туризмот на Западен Балкан во вредност од 750 илјади евра, бесповратни средства на ЕУ.
Триесет невработени лица од Вардарскиот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот плански регион од денеска почнаа да посетуваат обука за отпочнување на бизнис која ја спроведува Агенцијата за поддршка на претприемништвото
Стопанственици од јапонската бизнис делегација, што е во тридневна посета на државава на средба со премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим, се интересирале за бизнис условите
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се сретнаа со претставници на управата на „Еурокомпозит 11 Октомври“, на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска учествуваше на информативната средба за промоција на процесот на консултации за идентификување идеи за стратешки проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на инструментот за претпристапна помош ИПА 2014-2020
Објавен е првиот тендер за изградба на фотоволтаични електрани од еден, два, пет и десет мегавати поделени на 11 парцели државно земјиште на две локации во Свети Николе и Македонски Брод.