Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи.
Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија, индустрија Јошихиро Секи од утре до 12 јуни ќе престојува во посета на земјава.
Од ноќеска на полноќ за три денари се намалуваат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски денеска реагираше на изјавите од Советот на странски инвеститори и Стопанската комора дека прво треба да се зголеми продуктивноста, а потоа и платите на работниците.
Во Скопје официјално е отворена Третата меѓународна конференција од областа на телекомуникациите BalkanCom 2019 која годинава е посветена на 5G технологијата.
Нема повеќе европски пари за финансирање енергетски проекти базирани на фосилни горива, а особено не на јаглен, најави претседателот на Енергетската заедница (ЕЗ) Јанез Копач на неодамна завршениот Македонски енергетски форум (МЕФ) во Струга
Забрзувањето на економскиот раст продолжува, што ја оправдува горната ревизија на економскиот раст на 3,5 проценти
Дали ќе има нови средства за финансиска поддршка на општините поради нивните долгови, како што беше ланската инјекција од 50 милиони евра, ќе зависи од тоа дали ќе има ребаланс на Буџетот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев
Владата денеска додели 17 решенија за поддршка на руралниот развој во општините