Околу 6.000 стари лица над 65 години кои немаат други извори на егзистенција се очекува да бидат опфатени со Законот за социјална сигурност на стари лица кој веќе стапи во сила. Тие ќе бидат социјално обезбедени, односно ќе земаат месечен надоместок од околу 6.000 денари.
Вицепремиерот Анѓушев истакнал дека Владата останува отворена да ги слушне потребите на компаниите и дека ќе води постојан дијалог со сите компании, со странски, но и со домашен капитал, во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.
Заменик министерката за финансии Ширет Елези учествува на Пленарниот состанок на БЕПС Инклузивната рамка (Рамка за мерки против даночна евазија) кој се одржува во Париз, Франција. Главна тема на дискусија на состанокот се предизвиците кои произлегуваат од дигитализацијата.
Во текот на Деновите на финансиската писменост, од денеска до петок, во просториите на Народната банка има информативен пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас.
МАПАС е регулаторна и супервизорска институција која во континуитет се грижи за интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
„Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, е темата на конференцијата која денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации и Здружението на граѓани Конект, а финансирана од ЕУ.
Сите лица кои се во социјален ризик денеска можат да се пријавуваат во надлежните центри за социјална работа, да поднесат барања за да може може да ги добијат новите надоместоци предвидени со социјалната реформа.
До 2022 економскиот раст да достигне пет отсто, бруто инвестиците да се зголемат за 6,1 отсто, буџетскиот дефицит да се намали на два отсто од БДП, годишниот раст на расходите во Буџетот да се намалат на пет отсто, државниот долг да се намали на 39 отсто од БДП, а јавниот на 49,1 отсто од БДП, при што нема да се загрози одржливоста на фискалните политики.
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Северна Македонија.
На предлог на Министерството за финансии, Владата денеска ја усвоила Фискална стратегија на Република Македонија за 2020-2022, како стратешки документ кој се усвојува за период од три години и ги содржи среднорочните насоки и цели на фискалната политика, основните макроекономски проекции, износите за главните категории проценети приходи и расходи, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот