За 10 до 15 години близу 90 проценти од работните места ќе бидат поврзани со компјутери и дигитална технологија и затоа децата треба подготвено да го дочекаат тој момент
До петок сите македонски тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите за ланската реколта тутун. Исплатата почна вчера, ден порано од лани и тутунарите ќе имаат средства за планирање на новата реколта, рече Љупчо Николовкси, министер за земјоделство при денешната посета на Прилеп за средби со граѓаните, тутунарите и во прилепскиот тутунски комбинат.
Во рамки на проектот за подобрување на регулативата за инвестициска клима за домашните претпријатија министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ денес беше во посета на компанијата Еколог, Тетово.
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март во однос на февруари годинава е зголемен за 0,2 процентни поени и изнесува 20,7, а во однос на март минатата година е згоелене за 1,6 процентни поени.
До крајот на јуни се очекува општините да ги завршат преговорите со доверителите, а до крајот на годината да ги вратат долговите. Општините имаат обврска да објават и детален извештај за редоследот на исплаќање на долговите.
Проектот го спроведуваа СОС Детско село, Општина Гази Баба, во соработка со Агенцијата за вработување, со поддршка од Германското министерство за економска соработка и за развој и на Фондацијата Херман Гмајнер.
Прогресивниот данок нема да го зголеми иселувањето, затоа што оние кои заминуваат одат во држави каде даноците се уште повисоки, а изборот им е поради подоброто функционирање на тамошните институциите отколку тука.
Во осумте плански региони во државата ќе бидат реализирани 43 проекти во вкупна вредност од 290 милиони денари или 4,7 милиони евра. Од нив, 38 се инфраструктурни проекти, а пет се проекти за подготвка на техничка документација.
Оттаму денеска апелираа што поскоро да се реализира најавата за заеднички гранични контроли со Србија и Албанија за да се намали времето на чекање транспортните трошоци кои влијаат на конкурентноста на производите. Бараат да се интензивира потпишувањето на потребните билатерални договори и очекуваат заеднички контроли најдоцна од 1 октомври годинава.
Екоактивисти упатија закани дека ќе го блокираат денеска лондонското метро како продолжување на протест против не преземањето акции за прашањето за климатскиоте промени.