– Бизнис форумот е дел од третата компонента и веќе е потпишан Меморандум за соработка меѓу МСП, јавните и образовните институции, стопанските комори и бизнис секторот за подобрување на нивна соработка за заедничко планирање на активности и настап на ЕУ фондовите, информира Каракашова Сачкарска.
Министерот Шапуриќ, разговараше со менаџментот на овие компании и ги разгледа нивните производни погони.
Истакна дека тоа е позната компанија што произведува потрошен материјал за хируршки сали, и е еден од најголемите снабдувачи на овој вид на материјал во Југоисточна Европа и токму затоа е интересот за изградба на фабрика во Македонија
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска денеска оствари работна средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, на која било разговарано за заложбите на Народната банка за исполнување на насоките на Европската унија дадени минатата година во однос на Програмата за економски реформи
Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци - САЈДЕР. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот.
Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.
Потенцираа, стручните и обучени кадри да се мотивираат контуинирано, се со цел да се задржуваат во Агенцијата и да даваат резултаи во реализацијата на ИПАРД Програмата.
Формалниот систем за образование не произведува кадри кои имаат квалификации што ги бара приватниот сектор. Потребно е воведување дуално образование, учење преку практична работа и други начини на обука за да се намали некомпатибилноста на понудата на работна сила со побарувачката од страна на компаниите.
Зборувајќи за инвестициските можности во Република Северна Македонија, вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека земјата нуди многу можности за инвестиции во многу области и дека сега е вистинското време за странските инвеститори да ги реализираат своите инвестициски проекти токму во нашата земја.
Измени и дополнувања на Законот за финансиска дисциплина во земјава се во собраниска процедура. Се намалува надоместокот за доцнење и се пренесува надзорот над спроведување на одредбите за деловни трансакции од страна на економските оператори од приватниот сектор од Управата за јавни приходи на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.