Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе зборува на „Bush School of Government and Public Service”, на А&M Универзитетот во Тексас. Станува збор, соопштуваат од Министерството за финансии, за една од најдобро рангираните школи во САД за јавна администрација, меѓународни односи и надворешна политика.
Државата вложува во поддршка на домашното стопанство и во поттикнување на странските инвестиции. Тоа е моделот преку кој заедно со граѓаните и со бизнисите создаваме силна економија во која постои шанса за успех на секого.
Осврнувајќи се на економските бенефиции од евро-атланските интеграции, министерката Апостолска истакна дека реално се чувствуваат позитивни промени во деловните активности во земјава
Трошоците на животот во март 2019 година, во однос на претходниот месец бележат раст од 0,4 отсто, додека цените на мало останале непроменети.
Заинтересираноста на странските инвеститори е се поинтензивна по решавањето на спорот со името и воспоставувањето на добрососедските односи, а назад во државата се враќаат и висококвалификуваните кадри, изјави денеска министерката без ресор за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.
Со донесувањето на новиот Закон за енергетика се отвораат многу можности за Северна Македонија и широко се отвораат вратите за нови инвестиции во енергетскиот сектор, особено за производство од обновливи извори на енергија (ОИЕ), порача денеска од Берлин вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Производителите на пролетна зелка од струмичкиот регион реагираат на падот на откупната цена на пролетната зелка, која за само два дена падна од 50 на 30 денари за килограм.
Директорот на СУГС „ЕМУЦ 8 Септември“ Кенан Асани информира дека лани во училиштето се запишале само 14 деца.
По претседателските избори очекуваме измени во Програмата за рурален развој со кои ќе се отстранат дискриминаторските критериуми и ќе се овозможи искористување на поддршката од страна на жените кои се активни членки во секое семејно земјоделско стопанство, порача денеска претседателката на Националната федерација на фармери (НФФ), Васка Мојсовска.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, во Виена, учествуваше на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската Унија (ЕУ), кога во неа пристапија единаесет земји од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа (ЦЈЕ).