Стопанската комора на Македонија и Европската бизнис асоцијација денеска ќе организираат трибината на тема „Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори“.
По повод 5 јуни – Интернационалниот ден на животната средина, ЕВН, Шпаркасе Банка и EBRD GEFF организираат Саем за енергетска ефикасност.
Компанијата Неоком АД денеска ја надогради соработката со уште една од водечките светски компании од областа на информатичко-комуникациската технологија – Dell EMC на ниво „златен партнер“
Седумдесет отсто од ИТ професионалците се пасивни баратели на работа. Најбарани се програмерите, особено на сениорски позиции.
На одделна панел-дискусија, соопштуваат од Народната банка, се говореше и за светот на отвореното банкарство и за финтек–иновациите во плаќањата. Особен придонес во дискусиите на Конференцијата имаа претставници од Европската комисија, Европската централна банка, централни банки од евросистемот и Банката за меѓународни порамнувања.
Трговската размена со Бугарија, по минатогодишниот раст, во првиот квартал од годинава бележи пад.
Проекти за патна, железничка и енергетска инфраструктура во земјава денеска беа претставени од страна на владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, на инвестициски форум организиран од ЕБОР во Брисел.
Угостителските услуги во мај годинава во однос на мај лани бележат зголемување за 1,3 отсто, а во однос на претходниот месец нема промена, објави Државниот завод за статистика.
Извозот на стоки од земјава во првите четири месеци од годинава бележи раст од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Речиси двојно поголем принос, намалени трошоци, подобар квалитет и минимум загадување, очекуваат земјоделците кои денеска ги потпишаа првите договори за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“.