Во Скопје попладнево почна Бизнис форумот Македонија – Грција, на кој учествуваат околу 400 стопанственици од двете земји. На форумот ќе се обратат премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас
АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) и грчкиот национален оператор ДЕСФА се обврзаа на поголема соработка за градење на капацитетите, усовршување на кадрите и забрзување на постапките за градење за интерконективниот вод кон Грција
Јарослав Нанак, претседател на Конфедерација на индустрија на Р.Чешка истакна дека Чешката Република има долга традиција на историски, економски и културни врски со Македонија и земјите од поранешна Југославија
Раст од 2,9 проценти СБ прогнозира и за Црна Гора, додека за Албанија проценува раст на економијата од 3,8 проценти, за Босна и Херцеговина од 3,4 проценти, за Косово 4,4 проценти, за Србија 3,5 проценти.
АД ЕЛЕМ ја заврши минатата година со добивка од 29.827.097 евра, што, според соопштението од компанијата, се должи, пред се, на нивното ефикасно работење и на одлично изведените и синхронизираните продажби на вишоци на електрична енергија со просечна цена за околу 50 проценти повисока од регулираната цена на електрична енергија.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителна седница на која ќе го разгледа Правилникот за условите и критериумите за доделување на статус на затворен систем за дистрибуција на електрична енергија.
Светска банка денеска ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан.
Народна банка на Република Македонија распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.
На денешната редовна 128 седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за поддршката на инфраструктурните проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година