Во бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на посетата на Скопје, веројатно на 2 април, ќе бидат вклучени над 70 големи и средни компании, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
-На илјадници граѓани на крајот од 2017 и од 2018 година им се даде можност да ги посетат нашите туристички места, рече Бектеши, додавајќи дека се работи и на нов бренд за туризам во државата.
Со арбитража, како што кажа, веќе се решаваат пет проценти од вкупните спорови во земјава што е европско ниво.
Суштинска дезинформација во медиумите е дека требаат три милиони евра да се направи една фотоволтаична електрана, што не е точно.
Преку обезбедување на сеопфатен систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се овозможи подобро управување со јавните средства, поголема отчетност и ефикасност во нивното трошење, беше заклучено на денешната конференција во Министерството за финансии.
Триесет и четири компании ќе се финансираат во рамки на последниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој „СтартАПувај“, на кој аплицираа 186 компании.
Можам да потврдам дека „Дрекслер Мајер“ нема да ја напушти земјава и оти странските инвеститори ја земаат предвид Македонија како земја за инвестирање која има големи перспективи на тоа поле, порача денеска Патрик Мартенс, претседателот на Германската стопанска комора во Македонија.
Капиталните инвестиции во 2019 година ќе се реализираат поинтензивно. За таа цел е направен тим од министри што има за задача да ја контролира нивната реализација, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Комората на трговци од Солун негативно одговори на поканата да бидат дел од бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговата посета на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Доделени се наградите за најдобрите три бизнис концепт идеи во рамки на третиот Иновативен камп што се одржа во Делчево. Првата ја понесе бизнис идејата за електричен тротинет или електрични скутери кои ќе влијаат на намлување на загдувањето во поголемите градови.