Трошоците на живот во февруари се на истото ниво како и во јануари, а кај цените на мало има намалување за 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вчера, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ ја посети компанијата Актива, која се наоѓа во Штип. Во разговор со менаџментот министерот Шапуриќ беше запознаен со производната програма на компанијата.
Прва седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Македонија и Бугарија, согласно Договорот за економска соработка меѓу владите од двете земји, ќе се одржи денеска во Скопје.
– Методологијата е иста како и порано и бројките не се ирелевантни. Од 624-те милиони евра 405 се реинвестирана добивка и сопственички капитал, што е подобро или слично како и во претходните години, рече Анѓушев во емисијата „Топ тема на ваша страна“.
Вицепремиерот подвлече дека Владата силно го поттикнува претприемништвото кај младите луѓе, преку мерките за самовработување од Агенцијата за вработување, со обезбедување на грантови во висина од 5 илјади евра за поединец или 10 илјади евра ако станува збор за две невработени лица кои би ги здружиле средствата.
Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ) се најпрогресивната индустрија во моментов, индустрија во која може да се градат кариери и да се оствари голем успех. Тоа го потврдуваат и бројките. Во земјава бројот на регистрирани ИКТ компании во 2017 година бил 1.700 компании, а лани се зголемил на 2.300.
Посочи дека во периодот јануари-февруари 2018 биле спроведени 1.639 контроли од кои 174 биле со неправилности, додека во првите два месеца од годинава, спроведени се 268 контроли од кои 215 се со неправилности.
Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.
Утре ќе се одржи првата седница на меѓувладината комисија за економска соработка на Северна Македонија и Бугарија, согласно Договорот за економска соработка меѓу владите од двете земји, најави денеска Министерството за економија.
Во „Еуро никел“ беше завршена најуспешната стечајна постапка во историјата на државата, рече денеска премиерот Зоран Заев при посетата на комбинатот „Фени“.