Работниците технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска сакаа да го блокираат магистралниот пат „Прилеп-Градско“ на излезот од градот кај Заполшки мост, но останаа покрај патот зашто полицијата не им дозволи поради законски пречки. Со транспаренти в раце, работниците ги испорачаа своите барања.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги избра членовите на Комисијата за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупција.
Првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пениски столб е направена денеска.
За ефикасна даночна администрација најважно е да се разбере позицијата на даночната администрација во секоја земја и дека тие се централна власт во секоја земја, бидејќи без даночна администрација нема влада, приходи, јавни услуги, развој, рече Анѓа Комшо, лидер на проектниот тим во име на конзорциумот.
Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори (ССК) не ги поддржува денешните протести на фелата пред Владата. Смета дека проблемите треба да се решаваат институционално.
„Малхотра“ е една од четирите нови странски инвестиции најавени викендот на трибина на Владата во Велес. Одлуката за доделување земјиште на индискиот инвеститор треба да биде усвоена на денешната седница на Владата.
Политичката неизвесност го изеде приватниот сектор. Голем е бројот на компании што се заинтересирани да ги преселат своите бизниси во соседството, посебно во Бугарија и Србија, а не престанува и заминувањето на младите од земјава, предупреди денеска Сојузот на стопански комори (ССК).
Комората на Сметководители на Македонија смета дека сметководителите се соочуваат со бројни предизвици, а Mинистерството за финансии им крои нов Закон без консултации, покрај ветувањата дека нема да се носат избрзани законски решенија без да се консултираат релевантните засегнати страни.
Индиска „Малхотра“ ќе биде нов инвеститор во ТИРЗ „Скопје“, информира денеска вицепреиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тоа е една од четирите нови странски инвестиции најавени викендот на трибина на Владата во Велес.
Економската активност закрепнува и довербата се обновува, како резултат на интензивирање на реформите и воспоставувањето на политичката стабилност во земјава, оценува Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во соопштение по повод завршувањето на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на т.н член 4.