Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 проценти.
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе го промовира второто издание на „Бела книга 2018“.
Градежни земјишта, автомобили, станови и деловни објекти се дел од движните и недвижни предмети за кои Управата за јавни приходи објави повик.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека со ова Министерството за финансии и Владата на дело покажуваат дека ги слушаат предлозите од граѓаните и секогаш кога има простор излегуваат во пресрет. Во таа насока беа и јавните дискусии кои Министерството за финансии ги организираше изминатиот период во врска со даночната реформа, на која беа поканети претставници од граѓанскиот сектор и економски експерти.
Македонија има одлични угостители, препознатлива храна и добар кадар, но тоа треба добро да го спакува, да го патентира и да го промовира преку квалитетна маркетинг стратегија. Неопходно е да разработи и т.н. турзам кој ги продолжува сезоните, посебно во Скопје. Главниот град би можел да биде конгресен центар што ќе придонесе за продолжување на престојот на гостите, порачаа учесниците на денешниот форум во Стопанската комора.
Не треба да се направи пререгистрација на угосителските објекти, туку да се апдејтира сајтот на Министерството за економија, рече денеска државниот секретар Зоран Павловски по вчерашната забелешка на Здружението за туризам дека последните податоци за хотелите и рестораните во земјава се од 2016 година.
Измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити со кој се ограничуваат високите трошоци за брзите кредити денеска е на комисиска расправа во Собранието на РМ.
Домашни и меѓународни експерти денеска во Стопанската комора на Македонија ќе дебатираат за стратегискиот развој на туризмот и ефектите од државната политика за негова поддршка.
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска ќе презентира нацрт студија за изводливост за научно технолошки парк во Скопје, финансирана од ЕУ.
Предлог – законот за данокот на личен доход и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, двата по скратена постапка, во второ читање, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.