Даночните шалтери на Управата за јавни приходи ќе бидат отворени за граѓаните и денеска за да може да се регистрираат за новиот концепт на годишната даночна пријава што ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година.
Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел Управата за јавни приходи да може да ја достави пополнетата годишна даночна пријава на увид на граѓаните.
Ако надлежните институции не преземат сериозни мерки, легалните бизниси ќе бидат приморани да преминат во т.н. сив сектор, предупредија денеска занаетчиите.
За 36 отсто повеќе средства се одвоени за 2019 година за финансиска поддршка на компаниите, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Прилеп каде ја посети текстилната компанија „Комфи Ангел“ која е еден од корисниците на државна финансиска помош.
За 37 проценти се зголемени средствата за финансиска поддршка на компаниите, од кои Владата на РМ преку својот буџет како дел од севкупните мерки за економски раст предвидува 4,1 милијарда денари, истакна министерката без ресор за странски инвестиции, Зорица Апостолска, која пред бизнисмените од Пијанечко-малешевскиот регион ги претстави трите столба од владиниот План на економски раст.
Управата за Јавни приходи и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот равој денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел брза размена на податоци меѓу двете финансиски институции.
Со цел да се тргне напред и да се отвори патот за влез на јапонски компании во регионот денеска во Токио се одржа првиот Бизнис семинар за земјите од Западен Балкан. Како што јави известувачот на МИА од главниот јапонски град, над 140 јапонски бизнисмени присуствуваа на настанот на кој преставници на стопанските комори од шесте држави ги презентираа предностите за инвестирање кои ги нудат.
Во Росоман започнаа обуките за користење на сопствени ресурси за развој на туризам и бизниси, во рамките на проектот „Еногастрономски пат низ Тиквешијата”, што го спроведува Фондацијата „Тиквешки вински пат”, со поддршка на Министерството за економија.
Десет компании денеска го добија признанието „Македонски квалитет 2018“ што традиционално, четврта година, го доделува Сојузот на стопански комори.
Договор за државна помош за делумно субвенционирање со транспарентните мерки од Планот за економски раст на Владата денеска е потпишан со швајцарската компанија Баумер која гради свој капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик. Договорот го потпишаа директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Александар Младеновски и извршниот оперативен директор на Баумер, Марсел Фрај.