Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот за туризам и угостителство во Македонија, како и негово развивање и поддршкa од страна на државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација.
Поскапиот леб ќе ја зголеми инфлација, предупредуваат од Народната Банка. Повисоката цена на лебот ќе ги поскапат и останатите производи и услуги за граѓаните. Од централната банка велат дека будно ја следат состојбата, но не можат да влијаат врз оваа одлука бидејќи цената се формира на слободниот пазар.
Турбуленциите и неизвесноста ги оставивме зад нас, во историјата, а пред граѓаните и бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка за секоја претприемачка идеја која е втемелена на знаењето, иновациите и новите технологии, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска во своето обраќање на првиот „Светски конгрес на претприемачи“, што се одржува во Загреб.
Промената на цената на лебот се однесува на еден тип леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Цените на угостителските услуги во ноември во споредба со октомври годинава останале на исто ниво, а споредено со ноември лани се зголемени за три проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Владата работи на изнаоѓање на решение за ситуацијата со намалените државни резерви на нафтени деривати и оти нема да дозволи ситуацијата да стане алармантна.
Вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – октомври годинава изнесува 5.734.882.000 долари (297.093.666.000 денари) и бележи пораст од 23 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Повисоки плати за лекарите специјалисти за 10 отсто од јануари 2019 година и за дополнителни пет проценти почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година. Во септември 2019 година ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници за пет отсто. Ова е предвидено во Предлог буџетот за 2019 година, кој е на комисиска расправа во Собранието на РМ.
Македонија има над 65 извори на термални води, но наместо за бањски лекувалишта и велнес центри ги користи за загревање оранжерии и други видови производство.
Српското Министерство за финансии, Царинската управа, објави дека го затвара царинскиот терминал во Прешево поради опаѓање на увозот-извозот. Царинењето, наместо во Прешево, ќе се врши во градот Врање, на околу 40 километри од српско-македонската граница.