Охридска банка Сосиете женерал го организираше првиот хакатон под мотото „Креирај ја мобилната банка од иднината“ на кој го избра победничкиот тим „MY bank, my friend“.
На пазарот на труд во Македонија има 8.459 слободни работни места, од кои најголем дел, 3.264, се во групата „работници во услужни дејности и продажба“. По нив следат работниците од групата „техничари и средни занимања“ каде има 1.172 слободни работни места, па „ракувачи и составувачи на машини“ со 1221 работно место. Има слободни 858 работни места за службеници.
Подобрување на деловното окружување, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и создавање инклузивно општество, предвидува Програмата за економски реформи 2019-2021, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
Македонските добавувачи да ги зголемат маркетинг активностите, да тропнат на вратата на секој странски инвеститор и да кажат што имаат да понудат. Секоја врата на која ќе тропнат, ќе им биде отворена, рече денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија Штефан Петер
По иницијатива на културните и хуманитарните друштва на кичевчани кои живееат и работат во Италија, Франција, Германија, Швајцарија и Австрија градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари викендов во Виена се сретна со успешни бизнисмени со потекло од Кичево кои работат во тие земји.
Италијански фирми се заинтересирани за учество на претстојните тендери во Македонија за изградба на патна и железничка инфраструктура, гасификација, енергетика и животна средина. Структурната сличнот на економиите на двете држави и знаењето и искуството на италијанските фирми се добра основа за поголема економска соработка.
Околу милион и 400 илјади евра им должат две винарии на лозарите за грозје од пред неколку години. Оваа информација за МИА ја потврдија од Државниот инспекторат за земјоделство.
Со презентација на најважните проекти во секторите инфраструктура, енергетика и животна средина во Македонија, чија реализација е предвидена да почне во следните години, денеска во Скопје ќе се одржи италијанско – македонски бизнис форум на тема „Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо сесија на тема Предлози и измени на Законот за инспекциски надзор на којачетирите комори партнери во проектот, го презентираа новиот предлог на Закон за инспекциски надзор.
Меѓународна организација „Центар за извонредност во финансиите“ (ЦЕФ), деновиве ги претстави реформите и резултатите што Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки.